Тажна вест: Почина легендата на југословенскиот фудбал Данило Попивода

Попивода најголем дел од кариерата помина во Олимпија Љубљана/ фото: http://www.nkolimpija.si/

Поранешниот репрезентативец на поранешна СФР Југославија и долгогодишен фудбалер на Олимпија Љубљана, Данило Попивода почина во 74. Година во својот дом во близина на Херцег Нови.

Данило Попивода е роден на 1. март 1947 година во Ловченац, а фудбал почна да тренира во младите категории на Олимпија Љубљана за која од 1965 до 1975 настапуваше и за првиот тим.
Потоа шест години помина во Ајнтрахт Брауншвајг за кого одигра 126 натпревари и постигна 27 гола во Бундеслигата.

Во 1981 година се врати во Олимпија Љубљана каде и ја заврши кариерата. За словенечкиот тим одигра 226 натпревари и постигна 58 голови.

За репрезентацијата на Југославија одигра 20 натпревари и постигна пет гола, а беше дел од репрезентацијата која настапи на Светското првенство во 1974 година, како и на Европското првенство 1976 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот