Татко го одзел своето вонбрачното бебе од домот на неговата мајка

Скопјанец пријавил дека во неговиот дом настанала расправија околу вонбрачно бебе, при што таткото го одзел бебето и заминал, информираат од МВР.

На 23.08.2020 во 21.00 часот, 43-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот во неговиот дом дошол О.Е., по што меѓу нив настанала расправија за едногодишното дете, кое О.Е. вонбрачно го има со 18-годишната ќерка на пријавителот. Според пријавеното, О.Е го земал бебето и заминал.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот