Талибанците систематски го чистат Авганистан, погубија 900 луѓе за шест недели

фото EPA

Талибанците погубија околу 900 луѓе за шест недели во само една провинција, откако нивните борци ги победија владините војници, изјави шефот на локалната полиција Тадин Кан.

Полицајци, племенски водачи, цивилни активисти, па дури и популарен комичар беа нападнати, а некои од нив беа земени од своите домови и убиени во јужната провинција Кандахар, објави „Дејли Меил“.

Исламските милитанти освоија голем дел од провинцијата и го опколија Кандахар додека се обидуваат да ја вратат контролата врз земјата што некогаш ја имаа, во време кога американските војници се повлекуваат од Авганистан.

Многумина беа убиени во градот Спин Болдак, на границата со Пакистан, изјави Кан за авганистанските медиуми „Толо“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот