
Талентираниот Величковски со 15 години ќе игра за првиот тим на МЗТ
Управата на МЗТ Скопје Аеродром продолжува со заложбите за давање шанса на талентираните кошаркари, кои треба да бидат светла иднина на клубот, откако денеска го официјализира договорот за стипендирање со 15 годишниот Бојан Величковски.
Препорачано
Станува збор за еден од најперспективните играчи од младинската школа на МЗТ, кој летово напорно работи заедно со далеку поискусните од првиот тим и кој веќе дебитираше во сениорскиот тим на пријателскиот турнир во Лесковац.
Величковски е кадетски репрезентативец на Македонија, од кого се очекува многу доколку продолжи да работи напорно и посветено како и досега.
Со оглед на возраста, соработката со него е за следните три години, односно до неговото полнолетство, по што тој самиот ќе може да го парафира својот прв професионален договор, секако со МЗТ Скопје Аеродром.
Тренерите и членовите на управата во Величковски гледаат голем влог за иднината, поради што се очекува уште како 15 годишник ќе добие шанса да се натпреварува дури и со двојно повозрасни противници.
Селекторот на атлетичарите е новиот кондициски тренер на МЗТ Скопје
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
14мин
-
40мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5