• Загина тракторист

Загина тракторист

Вчера околу 10 часот во полициската станица Берово било пријавено дека на место викано „Курилово“-Берово, Б.Т. (63) од Берово управувајќи трактор на сопствениот имот изгубил контрола врз земјоделската машина, се превртел, паднал под тракторот и починал. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.