„Сите за Палестина“ со конкретни барања до Сиљановска: Да се осуди геноцидот во Газа и да се признае Палестина
Претставнички од иницијативата „Сите за Палестина“ денес имаа средба со претседателката Гордана Силјановска Давкова, во нејзиниот кабинет. На средбата тие ѝ ги пренеле барањата на иницијативата и повикале државното раководство да покаже јасна солидарност со палестинскиот народ. „Сите за Палестина“ бараат од Владата, Собранието и од претседателката на државата да го осудат геноцидот во Газа …

