Косово е изморено од постојаните избори
Премиерот Албин Курти и неговата партија Самоопределување освоија најмногу гласови на вонредните избори во Косово, но резултатот не им обезбедува самостојно формирање влада и ја остава земјата пред нови тешки коалициски преговори. Според речиси целосните прелиминарни резултати, со преброени повеќе од 95 отсто од гласачките ливчиња, Самоопределување освои околу 43 отсто од гласовите. Опозициската Демократска …

