Повреден велосипедист на Водно

На локалниот пат град Скопје – Милениумски крст Водно, во близина на детското одморалиште, А.С.(26) од скопското село Виничани, управувајќи велосипед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Од падот А.С. здобил повреди и со возило на Итна помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му била укажана лекарска помош.