Руската полиција изврши претрес во домовите на новинари

Руската полиција денеска извршила претрес во домовите на неколку новинари, а најмалку еден новинар е приведен. Интернет порталот „Проект” објави дека полицијата била во домот на главниот уредник Роман Баданин и дека го уапсила заменик-главниот уредник Михајло Рубин. Пристапот до веб-страницата на „Проект” повремено е оневозможен.