Скопјанец на Фејсбук објавувал расистички материјал

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.  Тој на 28 минатиот месец на социјалната мрежа фејсбук објавил текст кој содржел говор на омраза.