• карпош

Прегазен велосипедист кај „Сити мол“

Велосипедист е повреден попладнево во Скопје, откако во него удрило возило на улицата „Љубљанска“ кај салата „Партизан“, во близина на трговскиот центар „Сити мол“. Засега нема информации за тежината на повредите кои ги има велосипедистот. По извршениот полициски увид на местото на несреќата, се очекуваат повеќе информации.