ФОТО: Агелер и Јакимовски се фатија за четки и префарбаа антисемитски графит во Бардовци

Со „заедничка еколошка акција“, Општина Карпош и Американската амбасада денеска го одбележаа Меѓународниот ден за сеќавање на холокаустот, кој помина пред три дена, на 27 јануари.
На настанот присуствуваа aмбасадорката на САД во Македонија, Анџела Агелер и заменик-шефот на мисијата, Ерик Маер, како и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски.

Од општината информираа дека вработените задолжени за одржување на јавната чистота, заедно со вработените од Американската амбасада, одржале акција за чистење на плоштадот во населбата Бардовци. Во оваа пригода, беа отстранети и недоличните графити од ѕидовите со антисемитска содржина. И амбасадорката Агелер и градоначалникот на Карпош Јакимовски, со четките во раце ги префарбаа навредливите графити, информираат од општината.
