„БМВ“ удри во полициско „Јети“, повередени двајца полицајци (ФОТО)

Утрово во близина на скопската населба Радишани, се случи тешка сообраќајна несреќа во која автомобил марка „БМВ“ удри во возило на сообраќајната полиција. Во несреќата повредени се двајца полицајци коишто во моментот на несреќата биле во службеното возило. Засега нема детали околу причината или околностите што довеле до несреќата, објави Алсат.