Власта сака законски да спречи „трансакциска злоупотреба“ на македонското државјанство од богати странски инвеститори
Министерството за внатрешни работи со измени на Законот за државјанство забранува добивањето македонско државјанство за странец да биде „трансакција“ за неговата богата инвестиција во државава. Предложените измени се објавени на ЕНЕР. Како што за „Слободен печат“ објаснија од Министерството, ова не значи дека се укинува критериумот поврзан со инвестирањето во земјава, туку само се елиминира …

