Холандската армија стрелаше врз дронови

Холандската армија употреби оружје против беспилотни летала, што синоќа биле забележани над военовоздухопловната база Фолкел, соопшти денеска холандското Министерство за одбрана. Инцидентот се случи синоќа над базата Фолкел, што е лоцирана во близина на границата со Германија. Холандската воена полиција почна истрага за инцидентот.