Кина испраќа дополнителни 500.000 дози вакцини на Србија

Претседателот на Народна Република Кина Си Џинпинг ќе испрати уште 500.000 дози од вакцината „Синофарм” во Србија, беше потврдено денеска за Танјуг. Оваа голема испорака кинескиот престедател ја договорил со претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Како што потенцира Танјуг, вакцините треба да бидат доставени на 5 март, кога е роденден на претседателот на Србија.