Збирката раскази „Егосурфер“ од Александар Русјаков е умешен спој меѓу жанровите научна фантастика, хорор и киберпанк
Во преполната книжарница „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, на 18 февруари се одржа промоцијата на збирката раскази „Егосурфер“ од Александар Русјаков, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Бисера Бендевска, која истакна дека збирката раскази содржи умешен спој …

