• терористи

Во Данска уапсени неколкумина кои планирале терористички напад

Данската полиција денеска уапси неколку лица осомничени дека планирале терористички напад. „Во координирана операција“ на повеќе локации во Данска се уапсени „осомничени за подготовка на терористички напад“, соопшти полицијата. Засега не се познати повеќе детали за апсењата, а полицијата во Копенхаген и данската национална разузнавачка служба најавија за попладнево прес-конференција.