ВИДЕО | Израел: Секое министерство во Газа е во реалност Хамас, таму нема гориво оти терористите го зедоа

Фестивалот каде упаднаа од Хамас / Фото AFP / AFP / Profimedia

Од Израелското министерство за одбрана велат дека Хамас го контролира секое поле во Газа.

Кога ќе слушнете дека луѓето во Газа немаат гориво, тоа е затоа што Хамас го зел сето тоа, и секое министерство во Газа во реалност е Хамас, велат од ИДФ.

САД веруваат дека Израел треба да направи се што може за да направи разлика меѓу палестинските цивили и милитантите на Хамас во неговата воена операција во Газа, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Саливан го повика и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху „да го спречи насилството од страна на екстремистичките еврејски доселеници врз невините луѓе на Западниот Брег“.

Соочен со зголемениот бес поради израелското бомбардирање на Газа по смртоносните напади на милитантите на Хамас во Израел на 7 октомври, Саливан рече „ние не се залагаме за убивање на невини луѓе, без разлика дали се Палестинци, Израелци или други“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот