СЗО: Земјите засега да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека

астра зенека
Во моментот, Министерството за здравство има на располагање 30 илјади дози вакцини од Астра Зенека, Фото: EPA-EFE/Remko de Waal

Засега, земјите мора да продолжат да ја користат вакцината на АстраЗенека против ковид-19, соопшти Светската здравствена организација, откако голем број земји престанаа да ја користат поради страв од згрутчување на крвта.

– Не сакаме луѓето да паничат и засега би препорачале земјите да продолжат да вакцинираат со АстраЗенека, изјави главната научничка на СЗО, Сумија Суминатан, на брифинг со новинарите.

– Засега не откривме поврзаност меѓу овие настани и вакцината, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот