СЗО: Светот е среќен што повеќе истражувачки центри се обидуваат да пронајдат вакцина

Фото: ЕПА

Светската здравствена организација сооопшти дека светот е среќен што има многу експериментални вакцини за Ковид-19, што се потврдува со фактот дека во моментов се спроведуваат повеќе од 150 рани фази на тестирањата.

На крајот на дводневната истражувачка средба се посочи дека 17 институти и истражувачки центри што се обидуваат да изнајдат вакцина веќе се во фаза на тестирања врз луѓето и дека дел од нив до крајот на годината се очекува да бидат потврдени како ефикасни, иако се уште е далеку датумот за производство на лиценцирана вакцина.

-Ние сме многу охрабрени од напредокот на овие кандидати за вакцини и ги очекуваме резултатите, рече експертката за вакцинирање во СЗО, Ана Марија Енао Рестрапо, пренесуваат американските медиуми.

Таа додаде дека се очекува масовно тестирање на неколку експериментални вакцини, вклучувајќи ги и оние на Универзитетот Оксфорд и компанијата АстраЗенека, со кои треба да се обезбедат податоци за нивната ефикасност

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот