СЗО: Потребна е вакцинација на 60-70 отсто од светската популација за спречување на ковид-19

Лого на СЗО / Фото: Архива

Потребна е вакцинација на 60 до 70 отсто од светската популација за да се спречи ширењето на коронавирусот, соопшти Светската здравствена организација (СЗО).

Таква проценка е направена врз основа на неколку истражувања, истакна на прес-конференција во Женева шефицата на СЗО во одделот за вакцинирање, Кетрин О’Брајан.

Таа нагласи дека потребната стапка на имунизација за оваа пандемија ќе стане појасна откако повеќе би се знаело за вакцините кои се досега тестирани.

– Навистина е важно да почнеме да добиваме повеќе информации, додаде претставничката на СЗО.

О’Брајан изјави дека „освен сознанијата колку вакцините се во состојба да ја спречат заразата со ковид-19, прашање е дали не дозволуваат задржување на вирусот во носот и во грлото кај луѓето кои немаат симптоми и дали му отежнуваат на вирусот да се пренесува од едно на друго лице”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот