СВР Тетово за месец и половина има одземено 23 возила во Тетовско

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Откако стапија во сила измените на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата во декември поради истечена регистрација во тетовскиот регион полицијата има одземено 22 возила, бележи СВР Тетово.

 – Возилата се одземаат поради истечена регистрација повеќе од шест месеци. На подрачјето на Тетово времено биле одземени вкупно 22 возила, како и едно возило поради бучавост.  Возилата ќе бидат задржани 90 дена, додека на нивните сопственици ќе им бидат изготвени поднесоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од вчера во 20 часот до  2 часот ноќеска по полноќ, при акциска контрола за возење под дејство на алкохол од сообраќај биле исклучени пет возачи, привремено им се одземени возачките дозволи и изготвени им се соодветни поднесоци. При контролата, изречени се казни и за 18 други видови прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот