Свирепо насилство во Србија – осмоодделенки ѝ ја скршија вилицата на врсничка, се храни со сламка

Врсничко насилство / илустрација

14-годишно девојче од Србија минатата недела било претепано од три нејзини врснички, кои ѝ нанеле тешка повреда на вилицата. Жртвата морала да биде примена на Клиниката за максилофацијална хирургија на Стоматолошкиот факултет во Белград, пишуваат српските медиуми.

Девојчето било пресретнато од врсничките, кои одат со неа на училиште, на пат кон дома по часовите, по што ја нападнале, ја клоцале и ја полиле со сок. Поради тешката повреда, жртвата на нападот сега се храни со сламка.

Училиштето во кое учат девојчињата / фото:Курир.рс

Последниот во низата случаи на врсничко насилство за кои дозна јавноста, се случил во местото Мала Крсна и тој е пријавен до надлежните органи, кои преземаат мерки, пишуваат медиумите.

„Моето дете најпрво го провоцирале, а потоа ја чекале по часовите. Една ја сопнала и почнале да ја удираат. Ќерка ми се обидела да побегне, но цело време, триста метри по патот, тие постојано ја шутирале, ја скубеле и ја полевале со сок“, вели мајката на жртвата за „Курир“.

Девојчето, раскрвавено и во шок, ѝ раскажало на мајката за бруталниот напад.

„Ги прашала девојчињата зошто ја тепаат, а тие ѝ кажале: поради тоа што „ги нервира како појава“ и затоа што „шишките ѝ се распад на системот“. Кога видов дека е во болки и дека е повредена веднаш ја однесов на лекар. Не смее и не може да јаде од болки, може само кашеста храна и на сламка, а и тоа го одбива“, вели С.Д., мајката на нападнатото девојче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот