Светскиот шампион Квартараро до првата победа сезонава во Мото ГП

Фабио Квартараро („Јамаха“) доминираше на патеката Алгарве во Портимао/Фото: EPA-EFE/Juan Ignacio Roncoroni

Актуелниот шампион во Мото ГП, Фабио Квартараро, дојде до својата прва победа во сезоната, откако славеше на Големата награда на Португалија, петта трка во шампионатот.

Се најде на највисокото скалило на подиумот по 10 пат на патеката Алгарве, откако речиси цела трка беше на врвот.

Најблиску до возачот на „Јамаха“ беше неговиот сонародник Жоан Зарко на „Прамак Дукати“, но заостана пет секунди, додека трет беше возачот на „Априлија“, Алеиш Еспаргаро.

Покрај Квартараро, епитетот херој на трката го заслужува и Алекс Ринс, кој стартуваше од 23 позиција на „Сузуки“ и заврши како четврти.

Благодарение на победата, Квартараро сега е на лидерското место во генералниот пласман со 69 бодови, колку што има и Ринс, следуваат Еспаргаро со 66 и Бастианини со пет помалку.

Следната трка од Светскиот шампионат е закажана за следната недела за Големата награда на Шпанија во Херез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот