Светот се восхитуваше на нивната борба против коронавирусот, сега Нов Зеланд ја менува стратегијата

Фото: Unsplash

Нов Зеланд ќе започне да се оддалечува од стратегијата за живот без коронавирус, најави премиерката Jacасинда Ардерн, со што оваа земја станува последна во серијата на оние држави кои се откажуваат од обидот да го елиминираат вирусот поради циркулацијата на многу заразна варијанта на вирусот Делта, и да се вратат на нормален живот пренесува Си -Ен -Ен.

Напаѓач во маркет во Нов Зеланд / Фото: Принтскрин Твитер

По затворањето на границите на почетокот на пандемијата, Нов Зеланд објави само 4.409 заразени со коронавирус и 27 смртни случаи. Таа бројка беше меѓу најниските бројки на заразени во во светот

Нов Зеланд за време на Ковид-19 пандемијата/ Фото: Профимедиа

Но, зголемувањето на бројот на нови случаи во август предизвикано од појавата на видот Делта, главниот град Окленд, го врати во карантин . И покрај тоа што градот издржа повеќе од шест недели ограничувања, Нов Зеланд во вторникот објави 24 нови случаи – од кои повеќето беа откриени во токму во престолнината Окленд.

„Успеавме да ја контролираме епидемијата во голема мера, но како што можете да видите со оваа епидемија и со Делта, враќањето на нула е неверојатно тешко“, изјави пемиерката на Нов Зеланд , додавајќи дека долгите периоди на строги ограничувања не можат доволно да го намалат ширењето на инфекциите.

Ковид состојба во Нов Зеланд / Фото: EPA-EFE/DAN HIMBRECHTS AUSTRALIA AND NEW ZEALAND OUT

Премиеката Ардерн не прецизираше кога точно ќе започне преминот од старата во новата стратегија во броба против коронавирусот .

„Ни требаат повеќе вакцинирани луѓе, во повеќе предградија и во повеќе возрасни групи“, рече таа.
Според новозеландското Министерство за здравство. најмалку 49 проценти од населението во земјата е целосно вакцинирано, додека 79 проценти ја примиле првата доза.

Возило на брза помош во Нов Зеланд / Фото: Архива

Властите на Нов Зеланд најавија воведување сертификат за вакцина „Ковид-19“ како доказ за имунизација, што ќе биде потребно од следниот месец за да присуствуваат на масовни собири и други настани со висок ризик, како дел од новиот пристап за борба против ширењето на вирусот „Делта“.

Нов Зеланд им се придружи на дел од земјите во азиско-пацифичкиот регион, чија стратегија е да го вратат животот во нормални услови и покрај пандемијата на вирусот.

Ковид мерки во Австралија / Фото: EPA-EFE/JAMES ROSS

Австралискиот премиер Скот Морисон неодамна најави дека Австралија ќе почне да ги ублажува ограничувањата кога ќе ги достигне своите национални цели за вакцинација до 80 проценти од вкупното население.

Минатата недела, тој објави повторно отворање на границите на Австралија за целосно вакцинираните граѓани.

Мелбурн, Австралија за време на ковид локдаун EPA-EFE/DANIEL POCKETT

Од друга страна, премиерката на Нов Зеланд изјави дека не жали што месеци се спроведувала стратегијата на ограничувања и рестрикции на островот , кои според неа спасила многу животи.

„Елиминацијата беше важна затоа што немавме вакцини, но сега имаме“, рече таа.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот