Пред 25 години светот дозна за клонираната овца Доли

овцата доли
Овцата Доли и својот креатор / Фото: EPA-EFE

Иако не е првиот клониран цицач во светот, овцата Доли стана позната како првото животно клонирано со помош на возрасна сомотска клетка. Неколку клонови беа создадени во лаборатории пред Доли, вклучувајќи глувци и крави, но сите тие беа клонирани од ембрионски клетки.

Клонирањето е процес со кој се создава генетски идентичен организам. Ова е распространето во природата кај организмите кои се размножуваат бесполово, како што е случајот со некои бактерии, инсекти или растенија, а клонот е наследник на
идентичната ДНК секвенца на неговиот родител.

Овцата Доли е родена на 5 јули 1996 година и имала три мајки: едната дала јајце клетка, другата ДНК, а третата носела клониран ембрион во нејзината утроба. Создадена е со помош на техниката за пренос на соматски клетки, каде што јадрото од неоплодената јајце клетка се отстранува и се заменува со едно од возрасна клетка.

Поделбата на хибридната клетка била стимулирана со електрични шокови, а кога се развила во бластоциста, била вградена во сурогат мајката. Клонирањето било изведено во Институтот Рослин, Универзитетот во Единбург во Шкотска, а на него работеле Иан Вилмут и Кит Кембел со нивните колеги. Животното го добило името по популарната пејачка Доли Партон.

Јавноста дозна за првиот цицач клониран од возрасна клетка дури на 22 февруари 1997 година, кога Доли имаше нешто повеќе од седум месеци. Беше тоа неверојатно откритие и животното доби големо медиумско внимание.

Целиот живот го поминала во институтот Рослин, каде што се парела со планински овен од Велс и за три години родила шест јагниња. На почетокот на 2001 година таа се разболела од артритис и тешко се движ ила, па се лекувала со антиинфламаторни лекови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bruno José (@professorbruno1822)

Овцата Доли заболела од белодробна болест која брзо се развивала и била успиена на 14 февруари 2003 година. Таа тогаш имала шест години и седум месеци, а со оглед на тоа што просечната возраст на нејзиниот вид е околу 12 години, се шпекулираше околу причините за нејзината смрт. Сепак, Доли спиела во затворен простор од безбедносни причини, а научниците тврдат дека токму тоа доведува до рак на белите дробови кај овој вид и дека нема никаква врска со староста на клетката од која потекнува.

По Доли, беа клонирани и други големи цицачи како свињи, коњи, елени и бикови. Со напредокот на технологијата, овој процес стана поевтин и посигурен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот