Суспендиран судијата кој го оштети Реал Мадрид

Фото: EPA-EFE/FRIEDEMANN VOGEL

Mинатиот викенд Реал Мадрид ремизираше против Валенсија со 2:2 во рамките од Ла Лига, а овој натпревар го одбележа судијата Хесус Хил Манзано со одлуката во самата завршница.

Манзано досуди крај на натпреварот само некоја секунда пред Белингам да ја смести топката во мрежата, односно кога Дијаз нафрли.

Поради ваквиот потег Манзано доби сериозни критики од најголем дел од шпанската јавност бидејќи ако веќе мислел да „отсвири“ крај тоа требало да го направи порано, а не кога акцијата била во самата завршница.

Судиската комисија на шпанскиот фудбалски сојуз го суспендираше на два натпревари, меѓутоа казната би можела да биде и поголема бидејќи во меѓувреме ќе се отвори и дисциплинска постапка против него.

Во целата ситуација на крајот за Реал добро е што викендов не победија ниту Жирона, ниту Барселона, па така нивната предност на врвот на табелата остана.

ВИДЕО | Познато што му кажал Белингам на судијата Манзано по скандалот против Валенсија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот