Судски совет во врска со одлуката на Кривичен суд за насилниците од М-НАВ: Судовите се независни во одлучувањето

Судски совет / Фото: ,,Слободен печат'' / Драган Митрески

Судскиот совет со соопштение ја информира јавноста дека ја следат работата на судовите, а во врска со реакциите во јавноста за случајот со упадот во Контролата на летање.

– Во врска со последните реакции на јавноста за случајот М-НАВ Судскиот совет ја известува јавноста дека судовите се независни во своето постапување и одлучување, а Судскиот совет во рамките на своите законски надлежности ја следи работата на судовите – велат од Судски совет.

Викендов Јавното обвинителство побара, ама Кривичниот суд не одреди притвор за Беким Незири од ДУИ и за останатите насилници од М-НАВ, кои во четвртокот упаднаа во Контролата на летање и нападнаа контролори. За мерките одлучуваа судиите Пајазит Пајазити и Сандра Крстиќ, кои на насилниците им одредија мерки на претпазливост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот