Судот во Барселона донесе пресуда: Нејмар ослободен од обвиненијата за измама и корупција

Нема ништо спорно во трансферот на Нејмар во Барселона од Сантош/фото: EPA-EFE/Quique Garcia

Судот во Барселона ги ослободи бразилскиот фудбалер Нејмар, неговиот татко, поранешниот претседател на Сантош Одилио Родригес и поранешните директори на Барселона Сандро Росел и Хосеп Бартомеу за измама и корупција во врска со трансферот на Нејмар од Сантош во Барселона во 2013 година, пренесува „Мирор“.

Постапката беше покрената на суд во 2015 година од бразилската инвестициска компанија ДИС, која беше носител на 40 отсто од правата на тој играч.

„ДИС“ го обвини Нејмар и другите дека намерно ги кријат трошоците за неговиот трансфер за да избегнат да ѝ го исплатат уделот на бразилската компанија.

Шпанскиот суд во денешното соопштение наведе дека не е докажано дека имало договор со измама или дека „ДИС“ намерно бил оштетен.

Нејмар помина четири години во редовите на Барселона и во тој период освои една титула во Лигата на шампионите и две шампионски титули во Шпанија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот