Судот пресече: Изманипулираните купци може да го тужат „Фолксваген“ таму каде што го купиле возилото

Случајот стигна до судот на ЕУ откако австрискиот суд постапуваше на основа на барање на австриски здруженија на потрошувачи кои во име на 574 сопственици на овие возила побараа од Европскиот суд на правдата да се изјасни дали е надлежен за овој случај.

Сите кои што купиле автомобил „Фолксваген“ во кој е инсталиранспорниот софтвер за залажување на тестовите за емисија на гасови, може да го тужат производителот во земјата каде што го купиле возилото.

Тие во иднина нема да мораат да бараат отштета во Германија, одлучи Европскиот суд на правдата.

За потсетување, случајот стигна до судот на ЕУ откако австрискиот суд постапуваше на основа на барање на австриски здруженија на потрошувачи кои во име на 574 сопственици на овие возила побараа од Европскиот суд на правдата да се изјасни дали е надлежен за овој случај.

Судот на правдата соопшти дека врз основа на законот на ЕУ, подносителите треба во принцип да поднесат тужба таму каде што обвинетите имаат претставништво.

Судот на ЕУ утврди дека местото каде е причинета штетата е онаму каде што се купени автомобилите од третата страна, во овој случај во Австрија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот