Судот ја укина наредбата за приведување на Борисов, МВР мора да плати казна

Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов/Фото: EPA-EFE/LUDOVIC MARIN / POOL

Судот во Софија го укина решението за притвор за поранешниот премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов и му наложи на бугарското Министерство за внатрешни работи да му плати 310 лева за судски трошоци, јавуваат бугарските медиуми.

Пред денешната одлука на судот, неговиот адвокат истакна дека нема конкретни факти во основите за притворот. Правните советници од полицијата, од своја страна, тврдат дека во наредбата се цитира предистражната постапка, каде што се наведени фактите и околностите.

„Една од причините што ја посочуваат правните советници на ГДНП е дека притворот бил задолжителен за господинот Борисов да не се меша во истрагата и истражните дејствија. Но, овие дејствија во принцип немаат доказна вредност. А неговиот притвор дефинитивно не беше потребен“, изјави за БНТ Станислава Каракушева, адвокатка на Бојко Борисов.

На 17 март, Бојко Борисов, поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и поранешната шефица на прес-службата на Борисов, Севделина Арнаудова беа приведени, а следниот ден беа ослободени без обвинение. Тие беа приведени околу изнуда во врска со Васил Божков, кој е под истрага за неколку обвиненија.

ВИДЕО | Борисов излезе од притвор: Се плашам дека може да ме убијат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот