ВИДЕО | Борисов излезе од притвор: Се плашам дека може да ме убијат

Бојко Борисов/ Фото: ЕПА

Лидерот на ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов вечерва излезе од полициска станица откако му истече 24-часовниот притвор, а беше пречекан со овации од стотици приврзаници.

-Вечераме синоќа, влегува полиција. Ниту обвинение, ништо. На крајот ништо не беше пронајдено. И кога си мислев дека си заминуваат, ми рекоа ќе те задржиме. Нѐ донесоа овде. Како и во 1944 година, премиерот беше сведок на мафијата. Издржавме 24 часа. Загрижен сум дека следниот пат може да ме убијат, рече Борисов кратко по излегувањето.

Од притвор беа ослободени и поранешниот министер за финансии Владислав Горанов и портпаролката на Борисов, Севдалина Арнаудова.

Претходно денеска стана јасно дека бугарското МВР не побарало 30-дневен притвор за Борисов, а неговиот адвокат Менко Менков изјави дека не се преземаат никакви активности.

Од бугарската полицијата додаваат дека нивната операција била спроведена со целосно почитување на законот и лицата против кои се преземени процесни и истражни дејствија. Во текот на полициската акција извршени се претреси и заплени на три адреси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот