Судот донесе одлука: Славниот актер мора да оди на терапија, за да не оди во затвор!

Холивудскиот актер Шаја Лабаф (34) мора да оди на терапија за контрола на бесот наместо да оди во затвор.

Откако е обвинет дека со човек по име Тајлер Марфи влегол во конфликт, имале физичка пресметка, а потоа му ја украл капата, судот на Лабаф му одредил да оди на терапии за контрола на бесот еднаш неделно и на програма – 12 чекори за одвикнување од алкохол.

Исто така, мора да внимава во врска со насилството, да ѝ го предаде на полицијата сето оружје ако го има, и на крајот, не смее да ѝ се приближува на жртвата ниту на местото на инцидентот на растојание помало од 90 метри.

Ако во текот на 12 месеци ги исполни сите услови, нема да мора да оди во затвор.

Инаку, Шаја Лебаф неодамна за физичко и емотивно злоставување го обвини поранешната девојка ФКА Твигс. Во декември минатата година таа поднесе пријава против него за сексуално насилство  и го обвини дека свесно ѝ пренел сексуално пренослива болест и вербално ја злоставувал во текот на нивната врска која траела од 2018 до 2019 година.

 

Instagram

         Фото: Инстаграм

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот