Суарез удри по тренерот: Барселона никогаш не губела бодови на ваков начин

EPA-EFE/PETER POWELL

Напаѓачот на каталонците е разочаран по ремито со Селта.

Барселона денеска одигра само 2:2 на гостувањето кај Селта и направи огромен чекор наназад во трката за шампионската титула во Ла Лига.
Ремито, но и променливите игри на Барселона на гостински терен го налутија напаѓачот Луис Суарез кој денеска ги постигна двата гола за својата екипа.

– Се чувствува негативна атмосфера по губењето на два многу важни бодови и сега мора да победиме на секој натпревар до крајот и мора да чекаме Реал да киксне и да загуби бодови. Фрустрацијата се лувствува, а на тренерите е да анализираат зашто не победивме и играме вака слабо. Не сме навикнати да играме вака, Барселона никогаш не губела бодови на ваков начин – изјави Суарез.

Барселона по ремито остана на првото место на табелата во Ла Лига со 68 бода, еден повеќе од Реал Мадрид кој има и натпревар помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот