Студија во Чиле: Кинеската вакцина „КоронаВак“ е 80% ефикасна во спречување на смрт по зараза со коронавирус

Фото: EPA-EFE/VOLODYMYR PETROV

„КоронаВак“, вакцината против Ковид-19 на кинеската компанија Синовак, е 67 проценти ефикасна во спречување на симптоматска инфекција, соопшти денеска чилеанската Влада по добиените податоци од општата популација.

Вакцината е ефикасна 85 проценти во спречување на хоспитализации и 80 проценти во спречување смрт, се вели во извештајот на чилеанското Министерство за здравство.

Во студијата учествувале 10,5 милиони луѓе и заклучоците се подобри од оние презентирани од Синовак по клиничките испитувања.

Слични студии беа спроведени во Бразил, Индонезија и Турција и покажаа дека вкупната ефикасност на вакцината се движеше од 50,4 до 65 проценти, а една студија во Турција покажа дека 100 проценти е ефикасна во спречување на тешки форми на Ковид-19 и хоспитализации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот