Студен туш од Атина за Србите: Нема договор за влез во Грција оваа сезона

Грција аеродромм /Фото: EPA-EFE/YANNIS KOLESIDIS

Србите кои се надеваа дека ова лето со вакцинален картон односно со потврда дека примиле ковид вакцина ќе можат да летуваат на грчките плажи се „попарени“ откако на онлајн состанокот кој денеска го имаа грчкиот министер за туризам Харис Теокарис и српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации Татјана Матиќ тие не постигнале никаков договор.

Претходно српските медиуми известија дека двете страни постигнале договор за воспоставување на потврда за вакцинација за доаѓање на туристи од Србија и Грција, но тоа воопшто не е точно, демантираше грчката влада преку весникот Прототема.

Како што се наведува, српската министерка за туризам побарала повеќе детали и информации за предлогот на грчката влада во врска со потврдата за вакцинација. Покрај тоа, Теокарис српската колешка ја известил за големиот интерес што владее кај Србите за посета на Грција оваа сезона.

Србите кои се вакцинирани, од 1 мај ќе можат непречено да влезат во Грција

Исто така во дискусијата која поминала во многу топла атмосфера, министрите за туризам на Грција и Србија размениле и идеи и ставови за отворање на туризмот и се договориле дека наскоро ќе ја продолжат соработката.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот