Струмички земјоделец навредувал полицајци во Штип

фото Архива

Земјоделецот се соочува да плати казна од 600 до 900 евра за омаложаување на полициските службеници и дополнително 20 евра за неносење заштитна маска.

Дваесет и девет годишниот жител на струмичкото село Баница, М.В., кој продавал земјоделски производи и бостан, синоќа е приведен во Полициската станица – Штип зашто агресивно се однесувал кон полициските службеници кои вршеле службени дејства.

Како што соопшти портпаролот на СВР, Гордана Панајотова, настанот се случил околу 19:00 часот на булеварот „ЈНА” во Штип. Освен што ги навредувал полициските службеници кои од него побарале да го отстрани камионот од тротоарот и да го препаркира, М.В. не ја почитувал ни владината уредба за задолжително носење заштитна маска.

Земјоделецот се соочува да плати казна од 600 до 900 евра за омаложаување на полициските службеници и дополнително 20 евра за неносење заштитна маска.

По целосно расчистување на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Според статистиката на СВР-Штип, на подрачјето на општините од источниот дел на земјата 49 граѓани не неноселе заштитни маски. Овие случаи се регистрирани како прекршоци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот