Фото: Iuliia Zavalishina / Alamy / Profimedia

Стручњаците за патување открија кое е најлошото место за седење во авион – тие се согласиле за едно место

Кога избирате седиште во авион – во кој дел се чувствувате најмирно и најбезбедно?

Дури и ако само летате некаде во Европа, патувањето не е секогаш опуштено. Секој барем еднаш доживуваат некој од ужасите на летањето со авион, без разлика дали е тоа поради непријатност, турбуленции или дури и лудории на другите патници. Сепак, понекогаш е и до местото.

Авторот на британскиот портал „Експрес“ одлучил да ги праша експертите за патувања кое е нивното омилено место во авионот кога прават резервација – и сите се согласиле околу една клучна работа.

„Речиси сите со кои разговарав беа целосно согласни дека последниот ред од авионот не е најдобриот избор ако сакате мирно патување“, наведува „Експрес“.

Николас Смит, генерален директор во туристичката агенција „Томас Кук“, предупредил дека оние кои се чувствителни на турбуленции ќе сакаат да ја избегнуваат таа област. Но, не само поради тоа.

„Седиштата на самиот заден дел обично се помалку пожелни. Тие се блиску до кујната и тоалетите, услугата може да биде побавна, изборот на храна може да биде ограничен, а тоа е и местото каде што најмногу се чувствуваат турбуленциите“, објаснил тој.

Понекогаш, всушност, не можете да го изберете местото или тоа чини повеќе пари, но – ако стравувате од оваа непријатност, тоа би можело да се исплати.

„Размислувањето за своите приоритети однапред исто така прави разлика – нервозните патници ќе се чувствуваат поудобно покрај крилото, оние што имаат кратко време за трансфер треба да изберат седиште до преминот, што е можно поблиску до предниот дел од авионот, додека паровите што резервираат ред со три седишта можат да ги земат седиштата до прозорецот и она до преминот, оставајќи го средното слободно – можеби ќе имаат повеќе простор ако остане празно“, рекол тој.

Изи Николс, искусна патничка и основачка на блогот за патувања „The Gap Decaders“, се согласила со ова.

„Најдобро е да се избегнуваат задните седишта. Тие обично се побучни поради близината на моторот и активностите во кујната, а вие ќе бидете меѓу последните што ќе влезат и ќе излезат од авионот“, додала таа.

 

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот