Стоп за насилството врз жените: Брутално претепани босански каратистки

Ема Селман преку Фејсбук ги извести своите пријатели за потресното искуство и јавно го објави името на човекот кој го направи тоа.

Карате репрезентативката на Босна и Херцеговина, Ема Селман, заедно со нејзината сестра Ена (исто така каратистка), се жртва на насилство во нејзиниот стан во Кључ.

Каратиската со фотографии на нејзиниот фејзбук-профил ја извести јавноста за потресното искуство и јавно го објави името на човекот кој го направи тоа, а нејзината објава веднаш се распротрани.

Сакам на сите јавно да им кажам за состојбата за која многу граѓани на Кључ се запознаени. Се случи синоќа на полноќ, видно пијан човек чукна на мојата врата и влезе во мојот стан да ме претепа мене и сестра ми и физички да ме злоставува. Адел Вучкиќ изврши насилство врз мене. Јас сум жртва на насилство од една пијаница – напиша Ема Селман.

Каратистката исто така посочи и други жени да го следат овој пример и да кажат јасно и гласно кога се жртви на насилство.

Не се срамам, ова не е мое понижување, туку негово и неговото семејство. Не знам на кое ниво мажот може да падне за да удри жена. Адел Вучкиќ, ова не ме повредува, не се срамам. Ти си тој кој треба да се срами. Стоп за насилството врз жените. Немој да мислиш дека жените ќе молчат. Нема! Ние ги имаме нашите права. Им предлагам на сите жени дека никогаш не треба да молчат за насилството. Вие нема да ме понижите со ова. Јас од ова ќе бидам само посилна! – додаде босанската репрезентативка.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот