Стоматолозите од крајниот Исток меѓу најпогодените од кризата со коронавирусот

Кризата со коронавирусот ја стави во тесно работата на делчевските стоматолози кои поради вирусот Ковид-19 ги ставија во мирување своите активности, поради што бележат огромни загуби. Ова го потврди претседателот на Комората на стоматолози за источниот регион, Димитар Малешевски кој рече дека кризата лошо ќе се одрази имајки предвид дека поголем дел од пациентите кои ги вршеа своите стоматолошки прегледи во Делчево беа од соседството.

– Ќе се одрази сигурно заради тоа што по препорака на Министерството за здравство сите стоматолошки ординации во Делчево, Берово, Пехчево и Македонска Каменица моментално не работат, докторите се на повик и се работи само со закажување итни случаи, со итна дијагноза со јаки болки или отоци. Од економска гледна точка ќе се одрази многу, затоа што во моментот не се работи ништо, вели Малешевски.

Прочитајте и...  Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19

Мало олеснување за стоматолозите е тоа што деновиве се формираше Итната стоматолошка служба во Делчево која сепак ќе работи само за неодложни интервенции.

– Конкретно во Делчево имаме 14 стоматолошки ординации кои се опфатени со дежурната служба. Утврден е распоред според кој лекарите се организираат и ги прават дежурствата. Ова значи дека барем за итните случаи кои имаат потреба од стоматолог, граѓаните нема да мора да стравуваат, додаваат од Итната стоматолошка служба.

Ова сепак нема да ги ублажи еконосмките последици, додавааат стоматолозите, бидејки работата трпи, а со тоа и останатите услуги кои ги пружаа делчевските забари како на своите сограѓани, така и на иселениците кои редовно за време на летниот период ги користеа услугите на матичните стоматолози.

Прочитајте и...  Угостителите се одговорни да бараат лични карти, информативни посети во наредните 10 дена (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Едуар Филип: Одлуката за отворање на надворешните граници на ЕУ по 15 јуни

МИА Агенција

Бебе позитивно на ковид-19 со специјален лет префрлено на клиника во Швајцарија

Слободен печат

СДСМ: Чулев со невистини се обидува да ја вознемирува јавноста

Слободен печат

Агенција за национална безбедност: Немаме опрема за прислушување, УБК замина во историјата

Слободен печат

Трамп на нацијата ѝ се обрати преку Твитер: Постигнат е тажен рекорд од 100.000 починати

Слободен печат

По вртоглавиот пад оваа година, германската економија догодина ја очекува скок од 10 проценти

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

На 2 јуни се отвораат баровите и кафулињата во Франција

Слободен печат

Старица (81) со торбичка на врат во Белград продавала хероин, избегна притвор поради староста

Слободен печат

„Тојота“ поради коронавирусот речиси ја преполови продажбата во месец април

Слободен печат

Украдени 110 тони шеќер од фабриката во Вировитица, полицијата ги пронајде крадците

Слободен печат

Во Кичево е регистриран првиот случај на заразен од Ковид-19

Слободен печат

Бектеши: Келнерите, менаџерите или управителите на угостителските објекти немаат право да ги легитимираат гостите

Слободен печат