Стевац награден за најдобар карикатурален стрип во Лесковац

Познатиот илустратор и стрип цртач, Игор Стевковски-Стевац е добитник на признанието за најдобар карикатурален стрип „МИВЕЛ“ од страна на 21 Балканска смотра на млади стрип автори во Лесковац, соседна Србија, наречена по реномираниот Миодраг Величковиќ, познат српски новинар, сликар, карикатурист и стрип автор. Оваа смотра е организирана изминатиов викенд, од страна на Училиштето за стрип „Никола Митровиќ Кокан“.

Интересно е дека првите меѓусебни контакти со овој реномиран стрип фестивал се остварени за време на ланскиот Интернационален стрип салон во Велес, каде што му се додели Годишното признание за развој и афирмација на македонскиот стрип „Љупчо Филипов“.

– Оваа смотра е посебно ценета од страна на македонската стрип сцена, бидејќи претставуваше и се уште претставува најпогодно место за остварување на контакти и идна соработка, како и презентирање на актуелните изданија од македонски автори и издавачи. Освен мене, учесници од нашата земја беа Ласко Џуровски, Златко Крстевски, Никола Темков и младите Томи Џуровски и Никола Панов. Морам да го истакнам квантитетот, но и квалитетот на изложените стрипови, посебно од страна на младите автори од земјите на Балканот. Уште еднаш се потврди дека со зголемена поддршка кон младите автори од нашата земја, посебно во полето на едукацијата, тие ќе чекорат „рамо до рамо“ со своите врсници од странство – изјави Ване Трајков, извршен директор на Стрип центар на Македонија-Велес и учесник на смотрата во Лесковац.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот