Стејт департмент: Фентанилот е број еден убиец на Американците

Стејт департментот објави дека дрогата фентанил ја погодила речиси секоја заедница во САД и оти таа е најголемиот причинител на смрт меѓу дрогите.

„Таа е убиец број еден на Американците на возраст од 18 до 49 години. Направивме коалиција, сега со повеќе од 140 земји и организации, за да работиме заедно за да го решиме овој проблем“ соопшти Стејт департментот во објава на Икс.

Фентанил е екстремно силен синтетички опиоиден аналгетик (лек против болки) кој е доста сличен на морфинот, но е 50 до 100 пати посилен од него.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот