Ставот на Софија околу С. Македонија не е променет, велат од бугарското МНР

Фото: МИА

Министерството за надворешни работи на Бугарија денеска „категорично наведе“ дека ставот на Бугарија за евроинтеграциите на Република Северна Македонија останува непроменет.

-Бугарија продолжува да се придржува до рамковната позиција за проширувањето на ЕУ и процесот на стабилизација и асоцијација на Република Северна Македонија и Албанија од 09 октомври 2019 година, едногласно поддржани со Декларацијата на Националното собрание од 10 октомври 2019 година и со седницата на КСНС од 10.01.2022 година, соопшти тамошното МНР.

Оттаму додаваат дека поддршката за проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан останува приоритет на бугарската надворешна политика и следејќи го критериумот на сопствените заслуги на секоја земја кандидат и почитувањето на основните вредности на Унијата, вклучително и почитувањето на човековите права и почитувањето на принципот на добрососедство.

-Министерката за надворешни работи Теодора Генчовска го реафирмираше ставот на Бугарија при нејзиниот разговор со шефот на германската дипломатија во рамките на Советот за надворешни работи што се одржа во Луксембург на 11 април 2022 година, се вели во соопштението.

Во однос на почетокот на преговорите за членство на Република Северна Македонија во ЕУ, клучно е Бугарија да постигне неповратни резултати во одржувањето добрососедски односи и добивање јасни гаранции во преговарачкиот процес на ЕУ за натамошна имплементација на Договорот за добрососедство од 2017 година. Очекуваме уставни гаранции за почитување на правата на Бугарите во Република Северна Македонија.

Водечки за бугарската страна се резултатите, а не обврзувачките со конкретни рокови, велат од бугарското МНР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот