Српската Влада го усвои предлогот претседателот да го распушти Народното собрание

Влада на Србија/ Фото EPA-EFE/Andrej Cukic

Владата на Република Србија на денешната седница го усвои предлогот претседателот на Република Србија Александар Вучиќ да го распушти Народното собрание, пренесуваат српските медиуми.

-Доколку предлогот биде усвоен, со распуштање на Народното собрание владата ќе влезе во технички мандат. Секако, Владата на Република Србија ќе продолжи посветено да работи во интерес на сите граѓани, се наведува во соопштенеито на српската влада.

Во него се додадва дека сите свои активности во техничкиот мандат, владата ќе продолжи да ги врши со полн капацитет, согласно уставните и законските прописи.

Претседателот на Собранието на Србија, Ивица Дачиќ, како што соопшти порталот Нова.рс, утре треба да ги распише изборите за град Белград, додека, како што претходно беше најавено, претседателот на Србија истиот ден треба да ги распише и предвремените парламентарни избори, а почеток на претседателската трка ќе се распише на почетокот на март.

Граѓаните на изборите на сите нивоа во Србија треба да излезат на гласање на 3 април.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот