Среде миса во џамија избоден со нож водач на молитва (ВИДЕО)

Полицијата соопшти дека на местото на нападот е уапсено едно машко лице, заради сомнение дека се обидел да изврши убиство.

Во главната џамија во Регентс парк во Лондон, денеска, малку по 15 часот по локално време, е изведен напад во кој маж со нож го избодел човекот која ја водел попладневната молитва, јавија британските медиуми.

Повредениот човек бил префрлен во болница, а британските медиуми јавуваат дека е тешко ранет и дека се наоѓа во животно загрозувачка состојба.


Полицијата соопшти дека на местото на нападот е уапсено едно машко лице, заради сомнение дека се обидел да изврши убиство.

На фотографии на интренет се гледа како полицијаците апсат белец пред џамијата во Регентс парк, една од најпознатите во Лондон.

-Екстремно загриужувачки е да се види како еден бел маж влегува во џамијата за време на молитвата и со нож го боде мујазинот во вратот- напиша на Твитер Мигдад Верси , портпоролот на Муслиманскиот совет на Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот