Средба на министерот Спасовски со Сахакјан од УНДП

Фото: МИА

 Работен состанок меѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и постојаната претставничка на канцеларијата на УНДП во Скопје, Нарине Сахакјан се одржа денеска во Министерството за внатрешни работи.

На работниот состанокот на кој покрај министерот Спасовски присуствуваа и директорот на Бирото за јавна Бебедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ, Бесир Деари, како што соопшти МВР, беа разгледани тековните проекти кои министерството ги остварува со канцеларијата на УНДП во Скопје од областа на унапредување на националните практики за мало и лесно оружје.

Од страна на постојаната претставничка Сахакјан уште еднаш беше потврдена поддршката за имплементација на втората фаза од проектот, како и можноста за идна соработка помеѓу двете страни во областа на нелегалната миграција, стои во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот