Средба на Бектеши со грузиската амбасадорка Лилуашвили: Постои голем потенцијал за економска соработка меѓу двете земји

Крешник Бектеши /Фото: МИА

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска оствари работна средба со новоименувана амбасадорка на Грузија во Република Северна Македонија, со седиште во Софија, Тамуна Лилуашвили.

Бектеши, како што соопшти Министерството за економија, и посака успешна мисија на амбасадорката Лилуашвили со надежи за продлабочување на пријателските односи меѓу двете земји.

– Северна Македонија и Грузија воспоставија дипломатски односи во 2019 година, што значи дека има огромен простор за зголемување на економската соработка меѓу двете земји, посебно кај трговската размена каде што потенцијалите од двете страни се многу големи, се вели во соопштението.

Министерот потенцира дека во постковид периодот, верува дека двете земји кои имаат голема традиција, ќе ја продлабочат соработката во доменот пред се на туризмот што ќе придонесе за поблиско меѓусебно запознавање на граѓаните од двете земји.

На средбата е констатирано дека во наредниот период заеднички засилено ќе работат за подобрување на соработката меѓу двете земји и создавање на бизнис партнерства кои ќе значат позитивен тренд на економската соработка помеѓу Северна Македонија и Грузија.

Двајцата заеднички заклучија дека во иднина ќе работат на подобрување на економските односи меѓу двете земји пред се преку склучување на договори за економска соработка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот