Средба Азески-Ковачевски: Заедно со бизнис секторот ќе се исполни целта за европска економија

фото: социјални мрежи

Заедно со бизнис секторот може да се исполни целта за европска и силна Македонија. Според претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски, кој се сретна со претседателот на Стопанска комора Бранко Азески, средбите со бизнис секторот се секогаш добредојдени, особено во период на предизборие,за да се слушне гласот на бизнис заедницата, нивните ставови и предлози за креирање на идните политики за развој на економијата.

„Во мандатот на Владата предводена од СДСМ вложени се 100 милиони евра со кои се поддржани 919 компании. Со оваа поддршка компаниите реализираа 500 милиони евра инвестиции. До 2017 година, имаше нула поддршка за домашните компании, единствена поддршка добиваа странските компании кои инвестираа во државата. А денес, само преку инвестициските циклуси на компаниите се отворија над 5.000 домицилни работни места, со достоинствени плати за нашите сограѓани. Тоа се компании кои растеа со оваа државна помош и кои денес претставуваат дел од извозниот потенцијал на нашата држава“, рече Ковачевски.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески по средбата со претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, упати порака до сите политички партии дека ставовите на Комората се јасни – ќе се бара отчет за секој потрошен денар.

„Очекувам да ни се случи одговорност за тоа каде одат парите на народот. Зборот „буџет“ ќе биде најизговорениот збор. Ќе си ги бараме нашите права и јавно велиме дека социјалните трансфери ќе бидат најневозможната мисија во иднина. Одиме чекор по чекор, за да не се случи најнепосакуваното – да го иселиме капиталот онаму каде што ќе нè примат со широко раширени раце. И ветуваме дека постојано ќе бараме од идниот претседател на државата да не го става потписот на оние закони за кои сметаме дека ќе му наштетат на бизнисот и на граѓаните – истакна Азески.

Тој се осврна и на законот за забрана на нефертрговски практики и листата на производи кои треба од есен да поевтинат. Според Азески листа не треба да има, но вели нема да ја кочат примената на новото законско решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот