СРБИЈА ЗГРОЗЕНА: Човек од обезбедување малтретира патничка без билет во Крагуевац – Ја клоцал и и ја свиткал раката (ВИДЕО)

Работник од обезбедувањето на автобуска станица во Крагуевац малтретирал жена поради што полицијата го привела, а јавноста можела да види и снимка од се што се случувало. Како што се наведува, тој и ја свиткал раката и наводно ја клоцал. Најпрво дошло до вербален судир, бидејќи мажот не и дозволил да влезе на перонот без карта, поради што девојката му удрила два шамара.

Меѓутоа, она што не се видело на снимката, го раскажал очевидец на инцидентот. Според неговите зборови, патничката го прскала со вода човекот од обезбедувањето, го пцуела и го колнела, а тој не реагира, пренесува Телеграф.рс.

– Одев тој ден да го испратам роднината на станица. Кога стигнав, жената викаше како човекот од обезбедувањето ја удрил, па наводно паднала во несвест. Останатите викаа како е срамота тоа што го направил и што така ја удрил. Човекот бил груб, а она никако не сакала да ја плати картата од 100 динари (околу 50 денари). Го прскала со вода, го пцуела и колнела пред патниците кои поминувале, ние се тоа го видовме и слушнавме, а тој молчепе, збор не проговори. Еден човек ја бранеше жената, личеше на бездомник – раскажал очевидецот за Телеграф.

Инаку овој инцидент се случил пред две недели, но снимката сега се појавила во јавност.

 

View this post on Instagram

 

Video mučenja putnice na Autobuskoj stanici.

A post shared by infoKG.rs (@infokg.rs) on

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот